MK Skopje emag > Актуелно
„Македонски Слави“ - залог за поколенијата
„МАКЕДОНСКИ СЛАВИ“ - ЗАЛОГ ЗА ПОКОЛЕНИЈАТА! ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА КНИГАТА • aвтор: протојереј Игор Никовски, свештеник во Дебарско-кичевската епархија; • 21 × 28 цм, 328 стр; • во богато украсена подврска од еко-кожа, во самостоечка дрвена кутија; • со описи на 102 црковни и домашни слави со житија на светители и описи на Христови и Богородични празници; • со повеќе од 120 икони и фрески на славски светители и празници.

 

„Македонски Слави“ - залог за поколенијата!

Ова не е книга само за оние кои се верници. Оваа книга треба да се разбере како ПРАВОСЛАВНА, СЕМЕЈНА И НАРОДНА читанка од која дознаваме кои биле нашите претци и кои ќе бидат нашите деца.

 

ШТО СОДРЖИ ОВАА КНИГА

 

• Предговорот го напиша  Г-ѓа Валентина Божиновска, претседателка на Комисијата за односи со верските заедници;

 

• АЗБУЧНИК НА ПОДВИЖНИ И НЕПОДВИЖНИ СЛАВИ, во кој се излистани сите имиња на празниците, со броеви каде може да се најде помен на конкретниот светец или славскиот  ден;

 

• ВОВЕД, во кој може да се дознае зошто се слави славата, какви се` видови слави има, како се делат според  датумите во календарот, а како според трпезата покрај која се слави славата, кои се обичаите поврзани со чекањето на славите (осветување вода, канење на гостите, подготовка на славскиот колач, благословување и кревање на лебчето...)

 

• КАЛЕНДАР НА ПОДВИЖНИ И НЕПОДВИЖНИ СЛАВИ, во кој може да се дозане кога кој светец се слави;

 

• СВЕТИТЕЛСКИ ЖИТИЈА И ПРАЗНИЦИ, во кој се опишани 102 празника од црковниот календар, кои се обележуваат како домашни слави. Описи на славите подредени по датумите кога се слават, со исклучок на 7 подвижни слави, кои се опишани на крајот на поглавјето, а по декемвриските слави. Покрај описот на празниците, дадени се податоци за тоа во колку домови се слават славите, кои цркви се посветени на конкретен светител, народните обичаи и верувања поврзани за конкретен  светец или за славски ден (на пр. на `Руса среда` не се јаде ништо зелено, а на Благовец на девојчињата им се `дупчат`  ушите за обетки) анегдоти од народот (на пр. кај Соборот на Св. Јован постои анегдота за тоа дека некој христијанин разбрал дека Св. Јован Крстител бил најсиромашниот светец) тропар кој се пее при благословување на празничен леб и славска икона или фреска;

 

ПОСЕБНИ ДОДАТОЦИ:

– ТАБЕЛА НА НАЈГОЛЕМИТЕ СЛАВИ (според бројот на куќи кои слават) во Дебарско-кичевска епархија;

– СПИСОК НА ИМЕНДЕНИ според имињата на оние кои слават;

– СПИСОК НА ИМЕНДЕНИ според датумот на прославувањата;

– РЕЧНИК НА ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ЗБОРОВИ – во кој може да се дознае зошто еден светец станал маченик,  некој друг преподобен, а трет рамноапостолен, што се анахорети, а што бесребреници, што е тропар, утрена, панагија, вечерна, бдение...

 

 

Линк за прелистување:

http://issuu.com/mkbeograd/docs/makedonski_slavi__prelistavanje

ЦЕНА: 3998,00 денари

 


ЕК ОД 01.05.2014 ДО 31.12.2014
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/0