MK Skopje emag > Актуелно
Домашен Готвач
ДОМАШЕН ГОТВАЧ - Македонски традиционален готвач

Македонски традиционален готвач

 

Македонскиот готвач е книга која може да се подели на три содржински дела:

-      стручен дел

-      теоретски дел

-       рецептури

 Стручниот дел е насочен кон давење објасненија, информации и насоки за:

-      процесите за работа во кујна, како на пример сотирање, рестовање, динстање

-       начини на обработка, чување и приготвување зеленчук

-       начини за приготвување зимница

-       месо, обработка на месото, делови на месото, јадења кои се подготвуваат од различни видови месо

 Теоретскиот дел од книгата се однесува на:

-         традиционалното готварство

-         историјата на македонското кулинарство,

-         географски карактеристики на македонското кулинарство со поделба на кулинарски региони

-         вински региони и видови вино, подготвување на виното, поготовка на ракија

-         дел од обичаите и празниците, начините на исхрана во празникот и мал дел од рецептите поврзани со празникот

 

Рецептурите кои се обработени во книгата се испробани во праксата и дадени во потполност. Рецептите се работени по региони при тоа не обработувани други аспекти, но истите се содржани во регионалната обработка. На пример: во готвачот се собрани рецепти кои ги користат сите или поточно речено различни националности, како на пример, јадења од јагнешко месо, јадења од телешко и говедско месо, јадења од свинско месо... Во книгата има и вегетеријански рецепти кои се дадени во делот за зеленчук и јадења од зеленчук и сегментирано во другите делови од книгата. Секоја рецепта содржи

 

-        норматив за четири лица. Доколку рецептата мора да се однесува на поголеми или помали количини тогаш истото е нагласено

-        рецетите почнуваат со име на рецептот и со евентуална обработка на името, неговото потекло и историјата на настанување

-        предпоготовка на јадењето, кое содржи подготвителни работи на материјалот од кој се содржи јадењето, како на пример: Компирот се мие, се лупи, се сече на плочкасти парчиња. Кромидот се чисти, се мие и се сече ситно итн...

-        подготовка на јадењето, која ги содржи процесите на подготвување на јадењето

-        сервирање на јадењето, со специфични начини на сервирање, гарнири кои се користат за јадењето и слично

-       во некои од рецептите постои дел со назив: може и поинаку што се однесува на евентуални други процеси и начини за подговување на истото јадење, за подговување слични јадења со истата постапка

-        во некои од јадењата постои дел со назив: совет за домаќинките што се однесува на евентуални совети за подобрување на јадењето или олеснување на постапката за подговување

 Рецептите во книгата се подредени и обработени според листата на јадења која содржи

 

-         ладни предјадења

-         супи, чорби и потажи

-         топли предјадења

-         риби и ракови

-         готвени јадења

-         печења

-         јадења по порачка

-         варива и гарнири

-         салати

-         колачи

-         компоти

-         сирење

-         овоштие

-         сладолед

-         кафе,

-         плус додаток со дел за зимници.

 

 

Цена: 3.998 ден


ЕК ОД 01.01.2013 ДО 31.12.2013
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/0