MK Skopje emag > Актуелно
Промоција на книгата „Хари Потер и реликвиите на Смртта“
ОФИЦИЈАЛНО НА САЕМ НА КНИГАТА 13.04.2011 год. среда во 18 часот ке биде промовирано изданието „ХАРИ ПОТЕР И РЕЛИКВИИТЕ НА СМРТТА“ од Младинска книга - Скопје! ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ НАСТАН, НА КОЈ СЕКАКО КЕ ИМА ИЗНЕНАДУВАЊА ЗА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ!

 

Во продолжение мало резиме од најобожуваните книги од истоимениот наслов... уживајте со ликовите од Хари Потер.

 

Низ претходните шест романи во серијалот, протагонистот Хари Потер се бореше со тежината на адолесценцијата, како и со неговата наметната слава. Уште кога бил бебе, Лорд Волдемор, моќен волшебник ги убил родителите на Хари, но се распаднал физички по обидот да го убие малото наивно момче, чија слава ќе влее надеж во цел волшебнички свет. Живеејќи со неговите строги тетка и тетин Хари на единаесеттиот роденден дознава за неговото волшебничко потекло и за неговата извонредна моќ. Во училиштето за волшебнички вештини Хогвортс, Хари ги запознава неговите најдобри другари Рон Визли и Хермиона Гренџер. Го запознава и директорот на училиштето, брилијантниот Албус Даблдор, како и професорот Северус Снејп, кон кого има огромна одбивност. Волдемор неколку пати неуспешно се обидува да си ја поврати својата физичка форма. Дури во четвртата година во студирањето на Хари, тој успева да оствари тоа. Во клучниот крај на четвртиот роман Хари е сведок на ужасната енергија која ја шири лордот. Обидувајќи се да му докаже на светот дека Волдемор се вратил и дека е моќен пак, Хари дознава за неговото мрачно минато и за неговата опсесија со Хоркрусите. Хоркрусот, плод на мрачни нечовечки магии, е дел од душата на мрачен волшебник сместена во некаков објект. Опстанувајќи во објектот, душата е безбедна и не може да се оштети, а со самото тоа го прави нејзиниот сопственик бесмртен.

Потрагата за Хоркрусите, Хари, Рон и Хермиона ја почнуваат во шестата година откако една трагедија ќе го прекрие волшебничкиот свет, смртта на големиот волшебник Албус Дамблдор, личен пријател и ментор на Хари. Северус Снејп, предизвикувајќи ја смртта на Дамблдор се враќа на неговиот верен господар, Волдемор. Оставајќи и неколку показатели кои ќе го водат херојот до хоркруксите, Хари, Рон и Хермиона се впуштаат во опасна потера по овие кобни објекти. Да се најдат и уништат е нивната цел. На пат во нивната неверојатно тешка мисија се среќаваат со Реликвиите на Смртта и го дознаваат мрачното минато на големиот Дамблдор. Многу прашања се поставуваат, многу проблеми се прошируваат. Што се тоа Реликвии на Смртта, дали Снејп е пријател или предавник? Каде се Хоркрусите и како да се уништат? Дали сите нивни пријатели се на безбедно, дали воопшто се живи? Информацијата дека и Волдемор ги бара Реликвиите на Смртта го ја забрзуваат потрагата. Кој прв ќе дојде до Реликвиите и ќе ја расчисти дилемата со пророштвото дадено за Хари и Волдемор? Едниот не може да живее додека другиот дише, овие реченици постојано се вртат во умот на Потер. Соочувајќи се со смрт на уште многу негови пријатели и соработници, Хари сфаќа дека финалната битка мора да започне и да заврши еднаш за секогаш. Со чисто жртвено срце Хари е подготвен да ја преземе одговорноста во свои раце. Неговите љубени близу до неговото срце ќе му дадат сила за да го направи тоа. Како ќе заврши оваа голема авантура за еден лик кој има чисто и искрено срце кое знае да љуби сосема спротивно од неговиот соперник, останува да дознаете во волшебните зборови испишани на страниците на едно ремек-дело во литературата „Хари Потер и Реливкиите на Смртта“. Џ.К. Роулинг со врвот на нејзината имагинација ја заокружува огромната лекција за да се биде лојален, искрен, верен, да се љуби и работи, да се почитува и размислува. Иако е крај на еден прекрасна приказна, сепак, крајот повлекува почеток на многу други приказни кои се инспирирани од ранливоста на ликот на Хари, Хари Потер.

 

 


ЕКуч ОД 01.04.2011 ДО 31.12.2011
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/0