MK Skopje emag > Актуелно
Промоција на книгата „Гурманско едрење“ среда, 15 септември во 11,00 часот МКЦ Клуб-ресторан
„Младинска книга“ – Скопје и Едриличарскиот клуб „ПАМПУР“ заеднички ја издаваат книгата „Гурманско едрење“. Оваа заедничка книга ги најавува излегувањето од печат на големата илустрирана енциклопедија „Океан“ во издание на „Младинска книга“ и шестата традиционална едриличарска регата на „ПАМПУР“.

 

Почитувани,

 

Едриличарскиот клуб „ПАМПУР“ и „Младинска книга“  ги здружија своите сили, вештини и умеења со цел на македонските  читатели да им ги откријат  тајните на морињата и океаните, да им го доближат  едрењето, во една заедничка книга да ги опфатат  нишките што го поврзуваат човекот со природата. Исто така, нивна цел е  на едноставен и ведар начин да им покажат  на луѓето, кои денес  живеат активно и динамично, дека исхраната може да биде квалитетна, иако  јадењата се зготвени  брзо, и да им понудат  на  луѓето идеи и полезен прирачник за секоја мала и голема кујна.

 

По  тој  повод  Ве  покануваме  на  прес-конференцијата во  среда, 15 септември  во 11,00  часот.

Прес-конференцијата  ќе се  одржи  во  просториите  на  новиот  МКЦ  Клуб-ресторан.

 

За  Вас  посебно  ќе  подготвиме  неколку  специјалитети  според  рецепти од книгата „Гурманско едрење“ и заедно  со  нас  ќе  можете да го  оцените квалитетот на книгата.

*Локација на „МКЦ“  клуб  ресторанот:  Кеј Димитар  Влахов  бб  (Младински културен центар).

 

Со  Вас ќе разговараат и ќе се претстават авторите  на  книгата  Анита Палческа и Гордана Челебиќ.

Тука за разговор и одговор  на  Вашите  прашања ќе бидат  и  Лавинија Шувака,  одговорен уредник во „Младинска книга“, Емилија Пајковска,   член на Управен Одбор на ЕК ПАМПУР  и  Грегор Медвед, Директор  на „Младинска книга“  – Скопје.

Сите  ние  дадовме  свој придонес  за  создавањето и објавувањето на необичната  книга „Гурманско едрење“.

 

Следниот ден во четврток, 16, септември ќе биде прославена промоцијата на книгата  „Гурманско едрење“ заедно со авторите, поканетите  гости  и  членовите на Едриличарскиот клуб „ПАМПУР“

(во истите простории во 20,30 часот).

Ве покануваме и на вечерната промоција и дружење.

 

Грегор Медвед

Директор на „Младинска книга“ – Скопје


ек ОД 13.09.2010 ДО 30.10.2010
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/0