MK Skopje emag > За нас
САЕМ
САЕМ 2009 - Традиционално и оваа година Младинска книга од Скопје учествуваше на саемот на книга.

 

На неодамна завршениот Саем на книгата што се одржа од 08.04 до 14.04.2009 год. во Скопје, „Младинска книга“ и се претстави на македонската читателска публика во полн сјај. И покрај тоа што ова беше најмалку посетениот Саем на книгата во последните десет години, како и покрај општата неповолна економска состојба како во Македонија, така и во светот, „Младинска книга“ е повеќе од задоволна од сопствената промоција. Во рамките на Саемот, на штандот на „Младинска книга“ беше организирано гостувањето на словенечкиот публицист и новинар Миро Симчич кој специјално за оваа пригода дојде во Скопје. Симчич наиде на одличен фидбек кај новинарите, како во електронските, така и во печатените медиуми. Истовремено, беше срдечно пречекан и од вработените во „МК“ Скопје. Хостесите на Саемот, вработените, директорите... сите дадоа свој придонес и ставија по неколку камчиња во креирањето на мозаикот на кој на крајот на хоризонтот се појави сликата на „Куќата на добри приказни – Младинска книга Скопје“.  

 

 

 

Добитници на наградна игра која беше организирана на саемот 2009:

1. Блаже Миладинов - добитник на енциклопедија „Атлантика“;

    Ул. Даме Груев бр. 94; 1000 Скопје

2. Гордана Димитрова - добитник на енциклопедија „Фактопедија“;

    Ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 87; 7000 Битола

3. Петрова Марија - добитник на мобилен телефон;

    Ул. Ѓорче Петров бр. 1/1-20; 1000 Скопје

 


ек08.06.2009
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/347