MK Skopje emag > За нас
Промоција на книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ - 6 дел

 

 

Книжарницата „Матица“ во центарот на градот беше малечка за сите оние кои дојдоа да го прослават доаѓањето на шестата книга на светски познатиот серијал за Хари Потер. Несекојдневната забава по повод излегувањето на книгата, промоција за која многумина рекоа дека е настан што за првпат се случува во Македонија, беше вистинска атракција како за децата, така и за возрасните. Платото пред книжарницата беше мало за сите медиуми, заинтересирани, за сите деца маскирани како мали волшебници... Сите сакаа да дојдат до својот примерок од новата книга... Актерите, костимирани во ликовите од романот, беа повеќе смешни отколку страшни. На самиот крај на настанот стигна и книгата! Малиот Доријан алијас Хари Потер го доби првиот примерок од книгата, а сите деца дадоа свечена заклетва дека ќе ги читаат книгите за Хари Потер. Сите го исчекуваат излегувањето на седмиот дел од книгата на преубавиот македонски јазик.

 

Лавинија Шувака

главен и одговорен уредник на МК


ек08.06.2009
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/42