MK Skopje emag > Книги
Планетата Земја
Откријте ги сите тајни на нашата планета
Водич низ моќта и убавините на планетата Земја
Книга што ги открива сите тајни на нашата планета
 Со голем број прекрасни фотографии и многу описи од сите делови на светот, енциклопедијата ,,Планетата Земја’’ е приспособена за сите членови на семејството, независно од нивната возраст. Оваа книга Ве води на едно прекрасно патување по најразличните области на Земјата и Ви дава одговори на сите прашања во врска со планетата на која живееме. Какви тајни кријат најдлабоките океани во светот? Како е создаден Сончевиот систем, зошто исчезнале диносаурусите? Што ги предизвикува монсунските дождови? Качете се на највисоките врвови, патувајте низ непроодните прашуми и запознајте ги нивните невообичаени жители.
Почувствувајте го песокот во пустините каде со години не заврнал дожд, изгубете се во мравјалниците од луѓе во најголемите метрополи во светот...
Ќе Ве воодушеват едноставните објаснувања за многу сложени процеси на Земјата, збогатени со фотографии во боја. Ова е книга која во слободното време ќе Ве восхити, а во учењето нема да Ве изневери.  
• Повеќе од 2000 фотографии и над 1200 илустрации, прегледни табели и карти;
• Над 30 уредници, илустратори и дизајнери;
• 520 страници во боја, тврда подврска; 
• голем формат: 26x30 см.

Редовна цена: 4.750,00 ден.


gk25.11.2007
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/753