MK Skopje emag > Книги
Оксфорд - илустриран речник
Знаењето јазици Ви ги отвора вратите
Ова е сеопфатен прирачник. Не е само речник, туку претставува универзален енциклопедиски лексикон. Во него се опфатени 187.732 зборови на англискиот јазик. Содржи 5.700 изрази, многу правни термини, технички поими, медицински изрази и поими,  се што му е потребно на еден современ човек.
Освен тоа, во книгата има и над 5.000 прекрасни илустрации.
Во речникот се опфатени сите области: уметност, спорт, музика, индустрија, животински и растителен свет, науки, технологија, медицина..., има над 400 теми.
Зошто оваа книга е лексикон? Затоа што е објаснето значењето на секој збор, неговата употреба и потеклото на зборот, односно влијанието на класичните и другите јазици.
Англичаните со гордост велат дека ова е библија на англискиот јазик, зашто јазикот е создаден од јазиците на многу племиња што во текот на многу децении и векови го создавале и го развивале. Освен тоа, овој речник содржи сеопфатен и целосен приказ на граматиката, т.е. над 400 упатства за користење на граматичките правила и стручни совети.

- 1.008 страници, формат: 20х26 см,  тврда подврска

- 187.000 поими, јасни дефиниции и термини

- 4.500 внимателно одбрани илустрации

- 400 совети за граматика, точниот изговор и
  пишувањето на современиот англиски јазик

- 5.700 нови зборови и современи изрази

Редовна цена: 4.530,00 ден.


ек ОД 07.06.2008 ДО 10.10.2008
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/1431