Povezave: Mladinska knjiga-Mozaik knjiga-Svijet knjige-Mladinska knjiga-Mladinska knjiga
Home
пребарување
РУБРИКИ
Актуелно
За нас
Книги
Илустрирана детска енциклопедија
Книги за најмладите
Како да станете наш читател
Често поставувани прашања
Кариера
Контакти
Книги кои можат да се најдат во сите книжарници
Книги за подарок
ХАРИ ПОТЕР И ПОЛУКРВНИОТ ПРИНЦ

Младинска книга ДООЕЛ
1000 Скопје
Ул. Љубљанска бр. 5

Тел.: + 389 2 3072 544,
         + 389 2  3072 556.
Факс: + 389 2 3071 540
E-mail: info@mladinskakniga.com.mk


 

 

MK Skopje emag > Актуелно
Domov
Животни
Поголема слика
ПЕЧАТИ
ОМИЛЕНИ
„ЖИВОТНИ“ ГОЛЕМА ИЛУСТРИРАНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА

„ЖИВОТНИ“

Издавач: Младинска книга

Број на страници: 624

Димензии: 25 x 30 см, тврда подврска

Јазик: македонски

Isbn: 9786084500391  

Оваа книга го претставува богатиот свет на животинското царство и е создадена во критичен период од неговата историја. Составена од меѓународен тим од над 70 зоолози, биолози и природонаучници, книгава е плод на темелно истражување на животинскиот свет, со приказ на познатите видови што се среќаваат речиси секојдневно, но и екстремно ретките што само неколкумина научници ги виделе, а уште помалку имале можност да ги проучуваат. Таа ги опфаќа не само ’рбетниците, туку и широкиот избор на безрбетни животни коишто го сочинуваат огромното, но често пати занемарено мнозинство од животинските видови на земјата. Севкупно, во енциклопедијата Животни се претставени над 2.000 видови. Речиси сите се прикажани или со фотографија во боја или со илустрации. Овие фотографии се заеднички труд на стотина фотографи на животинскиот свет и професионални зоолози, и тие не ги прикажуваат само конкретните животни, туку и клучните аспекти од нивната биологија и екологија. Поради тешкотиите при лоцирањето и фотографирањето на некои видови во дивината, еден дел од фотографиите се снимени во заробеништво, но во најголем дел се прикажани животни во нивните природни живеалишта. Во фотографиите се опфатени и наградените портрети на некои од водечките светски фотографи на животинскиот свет, како и ретки фотографии добиени по повеќемесечни истражувања, а благодарение на трпеливата помош од стручни лица за секоја област. Резултатот е извонредна збирка од фотографии, за кои веруваме дека се ненадминати од која било енциклопедија од ваков вид.

 

Цена: 5.390,00 денари


ЕК ОД 01.11.2014 ДО 31.12.2014
НАГОРЕ
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/0
Mladinska knjiga Group
МК ГРУПАЦИЈА: Skopje - Ljubljana - Zagreb - Beograd - Sarajevo - Sofija - Bukarest
Copyright 2000-2007: MLADINSKA KNJIGA, Skopje. Sva prava zadržana.
Izvedba BuyITC d.o.o.