Почитувани,
Едриличарскиот клуб „ПАМПУР“ и „Младинска книга“ ги здружија своите сили, вештини и умеења со цел на македонските читатели да им ги откријат тајните на морињата и океаните, да им го доближат едрењето, во една заедничка книга да ги опфатат нишките што го поврзуваат човекот со природата. Исто така, нивна цел е на едноставен и ведар начин да им покажат на луѓето, кои денес живеат активно и динамично, дека исхраната може да биде квалитетна, иако јадењата се зготвени брзо, и да им понудат на луѓето идеи и полезен прирачник за секоја мала и голема кујна.
По тој повод Ве покануваме на прес-конференцијата во среда, 15 септември во 11,00 часот.
Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на новиот МКЦ Клуб-ресторан.
За Вас посебно ќе подготвиме неколку специјалитети според рецепти од книгата „Гурманско едрење“ и заедно со нас ќе можете да го оцените квалитетот на книгата.
*Локација на „МКЦ“ клуб ресторанот: Кеј Димитар Влахов бб (Младински културен центар).
Со Вас ќе разговараат и ќе се претстават авторите на книгата Анита Палческа и Гордана Челебиќ.
Тука за разговор и одговор на Вашите прашања ќе бидат и Лавинија Шувака, одговорен уредник во „Младинска книга“, Емилија Пајковска, член на Управен Одбор на ЕК ПАМПУР и Грегор Медвед, Директор на „Младинска книга“ – Скопје.
Сите ние дадовме свој придонес за создавањето и објавувањето на необичната книга „Гурманско едрење“.
Следниот ден во четврток, 16, септември ќе биде прославена промоцијата на книгата „Гурманско едрење“ заедно со авторите, поканетите гости и членовите на Едриличарскиот клуб „ПАМПУР“
(во истите простории во 20,30 часот).
Ве покануваме и на вечерната промоција и дружење.
Грегор Медвед
Директор на „Младинска книга“ – Скопје