Povezave: Mladinska knjiga-Mozaik knjiga-Svijet knjige-Mladinska knjiga-Mladinska knjiga
Home
пребарување
РУБРИКИ
Актуелно
За нас
Книги
Илустрирана детска енциклопедија
Книги за најмладите
Како да станете наш читател
Често поставувани прашања
Кариера
Контакти
Книги кои можат да се најдат во сите книжарници
Книги за подарок
ХАРИ ПОТЕР И ПОЛУКРВНИОТ ПРИНЦ

Младинска книга ДООЕЛ
1000 Скопје
Ул. Љубљанска бр. 5

Тел.: + 389 2 3072 544,
         + 389 2  3072 556.
Факс: + 389 2 3071 540
E-mail: info@mladinskakniga.com.mk


 

 

MK Skopje emag > За нас
Domov
НАГРАДЕН КВИЗ ЗА ПРЕТПЛАТНИЦИТЕ НА КНИГАТА „ОКЕАН“
Поголема слика
Поголема слика
Поголема слика
Поголема слика
ПЕЧАТИ
ОМИЛЕНИ
СО ОКЕАН, НА МОРЕ... ЛЕТУВАЈТЕ 9 ДЕНА СО МЛАДИНСКА КНИГА НА ЗАКИНТОС ИЛИ КРФ! САВАНА И МЛАДИНСКА КНИГА ПОДГОТВИЈА ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА КУПУВАЧИТЕ НА КНИГАТА „ОКЕАН“ ВО ПРЕТПЛАТА

ПРАВИЛНИК  ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАГРАДЕН КВИЗ

 

Член 1

Опис МЛАДИНСКА КНИГА во соработка со  САВАНА во времетраење од 10 месеци, од 01.01.2010 до 01.11.2010 година, ќе организира  награден квиз за купувачите на книгата Океан (во претплата), а со овие правила ќе се регулираат начинот на учество во наградниот квиз. 

Член 2

Поим Наградниот квиз се организира со цел да се оствари економски интерес за организаторот, а со правилата се обезбедува равноправност на сите учесници и еднаква можност за добивка по исполнување на условите пропишани со овие Правила.

Член 3

Услови за учество:

*        Право на учество имаат физички лица, државјани на Р. Македонија, кои за времетраењето на квизот ќе ја купат во претплата книга на организаторот со назив Океан;

*Вработените кај организаторот, нивните потесни семејства и надворешните соработници кои учествувале во подготовката на материјалите немаат право на учество.

*        во текот на м. ноември 2010 г. по пат на случаен избор организаторот ќе ги извлече добитниците, а тие ќе треба да одговорат на едно наградно прашање;

*        наградите ќе се реализираат во текот на Лето 2011 год.

 

Место                                                                         Член 5

Наградниот квиз ќе се организира и спроведува кај купувачите (на работа или дома) со помош на промотивни материјали со информации за учество во квизот.

 

Член 6

Награди:

*        I награда- летување за 2 лица на Закинтос на пакет ранажман: превоз(автобус, брод) + 9 ПП (сместување студио или соба)  за Лето 2011 година;

*        II награда - летување за 2 лица на Крф пакет арнжман: превоз (автобус и брод) + 9 ноќевања (сместување студио или соба) за Лето 2011 година;

*        III награда-награден ваучер од 100 € во ден. противвредност, за дел од понудата на производите на Савана за 2011 година;

                                                                                    Член 7

Извлекување

Јавното извлекување на добитниците ќе се одржи помеѓу 15-31 Ноември, 2010 г. во простор кој договорно ќе биде одреден, во присуство на 3 члена комисија составена од вработените која ќе ја одреди директорот на организаторот.

Наградите ќе бидат извлечени по електронски пат, случајно а тие ќе имаат обврска да одговорат на прашање.

                                                                                    Член 8
Известување

Наградените ќе бидат известени телефонски, веднаш по добивањето на наградите,  а најдоцна 10 дена  по извлекувањето,  како и за времето и местото на нивното превземање.

 Објавување

Во рок од 3 дена од денот на извлекувањето, добитниците ќе бидат објавени на wеb страната на  hhtp.//www.mkskopje.com/ и на http.//www.savana.com.mk// во јавно гласило и на огласна табла на организаторот.
Пописот на добитниците ќе биде составен по завршувањето на извлекувањето.

 

На писмено барање на учесник организаторот се обврзува да достави попис на добитниците.

 

Член 9

Превземање на наградите

Добитниците при превземањето на наградите треба да:

*        потпишат изјава дека не се вработени ниту роднини на вработени кај организаторот, не учествувале како надворешни соработници во организација на проектот;

*        треба да носат документ за идентификација;

*        изјава за согласност МК да ги користи личните податоци, име, презиме, адреса и фотографија, и нивен печатен, звучен и фотографски материјал за маркетинг потреби без обврски за надомест. 

 

Со чинот на превземање на наградите и со потпишување на потврдите за прием, престануваат сите понатамошни обврски на оргазнизаторот кон добитникот.

  

Член 10

 Добитниците можат да ги користат единствено предвидените награди и не можат да бараат замена во пари. Во ситуации кои се виша сила организаторот е согласен да ја модифицира наградата.

  

Член 11

Рокови и приговори

Ако добитникот не биде достапен во рок од 60 дена, го губи правото за користење на наградата;

По истекот на рокот од став 1 на овој член застарува правото на исплата, односно правото на остварување на добивката.

Учесниците  имаат право на приговор во рок од 10 дена, за што писмено ќе му биде одговорено во рок од 20 дена.

Член 12

Лични податоци

Организаторот се обврзува дека во никој случај нема да ги злоупотреби личните податоци на учесниците. Ако тие не сакаат да бидат  дел од базата на купувачи, на нивно писмено или усно барање ние ќе бидат избришани од  базата; личните податоци  ќе бидат  користени единствено во согласност со законот за заштита на личните податоци.

Член 13

 Добивките ќе бидат дел од  продажниот асортиман на Савана; а персоналниот данок ќе биде обврска на добитникот.

Член 14

Виша сила

Во ситуации на виша сила или на непредвидени околности организаторот го задржува правото за прекинување на наградниот квиз.

                                                                            Член 15

 Со учество во наградниот квиз учесниците ги прифаќаат правилата на организаторот, а во случај на спор надлежен е судот во Скопје.

 

 Во Скопје, декември, 2009 г.

 

 


екуч ОД 20.01.2010 ДО 20.12.2010
НАГОРЕ
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/133
Mladinska knjiga Group
МК ГРУПАЦИЈА: Skopje - Ljubljana - Zagreb - Beograd - Sarajevo - Sofija - Bukarest
Copyright 2000-2007: MLADINSKA KNJIGA, Skopje. Sva prava zadržana.
Izvedba BuyITC d.o.o.