На неодамна завршениот Саем на книгата што се одржа од 08.04 до 14.04.2009 год. во Скопје, „Младинска книга“ и се претстави на македонската читателска публика во полн сјај. И покрај тоа што ова беше најмалку посетениот Саем на книгата во последните десет години, како и покрај општата неповолна економска состојба како во Македонија, така и во светот, „Младинска книга“ е повеќе од задоволна од сопствената промоција. Во рамките на Саемот, на штандот на „Младинска книга“ беше организирано гостувањето на словенечкиот публицист и новинар Миро Симчич кој специјално за оваа пригода дојде во Скопје. Симчич наиде на одличен фидбек кај новинарите, како во електронските, така и во печатените медиуми. Истовремено, беше срдечно пречекан и од вработените во „МК“ Скопје. Хостесите на Саемот, вработените, директорите... сите дадоа свој придонес и ставија по неколку камчиња во креирањето на мозаикот на кој на крајот на хоризонтот се појави сликата на „Куќата на добри приказни – Младинска книга Скопје“.
Добитници на наградна игра која беше организирана на саемот 2009:
1. Блаже Миладинов - добитник на енциклопедија „Атлантика“;
Ул. Даме Груев бр. 94; 1000 Скопје
2. Гордана Димитрова - добитник на енциклопедија „Фактопедија“;
Ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 87; 7000 Битола
3. Петрова Марија - добитник на мобилен телефон;
Ул. Ѓорче Петров бр. 1/1-20; 1000 Скопје