MK Skopje emag > За нас
ХАРИ ПОТЕР ПРОМОЦИЈА - ПРВИ АПРИЛ ВО 19 ЧАСОТ
По повод објавувањето на книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од Џоан Роулинг на македонски јазик е закажана нејзина промоција на први април во 19 часот пред платото на книжарницата „Матица“, на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје.

Почитувани,

Тимот на „Младинска книга Скопје“ Ве информира дека останаа само уште пет дена до доаѓањето на книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ на македонски јазик. Веќе од 2-ри април книгата може да се најде во сите поголеми книжарници во Македонија.

 

Мало потсетување!

На први април, во 19 часот пред книжарницата „Матица“ е закажана промоцијата и свечениот дочек на шестиот дел од серијалот книги за „Хари Потер“.

Освен многубројните фанови,  љубители на пишаниот збор на авторката Џоан Роулинг и на книгите за Хари Потер, Ве очекуваме и Вас.

Нe очекува весело дружење со однапред предвидена програма што е изненадување за сите присутни. И неизбежните подароци за сите кои ќе си обезбедат примерок од книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц“. Младинска книга подготвува посебно изненадување-подарок за купувачите на Хари Потер кои ќе дојдат маскирани.

Се разбира, маскирањето не е нужно, но секако е добредојдено.

Сe до излегувањето на книгата од печат трае претпродажбата во книжарницата „Матица“.

Книгата може да се купи со попуст од 10% на цената од 1.290 денари плус подарок постер Хари Потер.

Уште неколку интересни информации:
Изложба „Хари Потер“ во Чикаго, САД
Годинава од 30 април до 7 септември во Чикаго ќе биде отворена изложбата „Хари Потер“, каде сите љубители и обожаватели на Хари Потер ќе можат да ги видат оригиналните филмски костуми и реквизити од сите шест филмови за Хари Потер.
Во музејот ќе биде создадена вистинска волшебничка атмосфера, зашто целиот музеј за време на траењето на изложбата ќе биде преобразен во училиштето за волшебници Хогвортс. На изложбата посетителите ќе можат да ги видат и предметите од последниот филм „Хари Потер и Полукрвниот Принц“, чија светска премиера е закажана за средината на јули 2009 година.
Идејата за првата книга за Хари Потер кај авторката Џоан Роулинг се родила во 1990 година додека таа патувала со воз. На Џоан и биле потребни пет години да ја напише првата книга, а по повеќето одбивања поминале уште две години до нејзиното прво објавување. Името Џ. К. Роулинг на авторката и го предложил издавачот зашто се плашел дека момчињата нема да сакаат да го читаат романот за волшебници што го напишала жена. Очигледно, згрешил!
Маскирањето не е неопходно, но е добредојдено!

Срдечно,

Тимот на „Младинска книга Скопје“

* Повеќе информации во поглавјето Хари Потер.

 

 


ек23.03.2009
Urednik strani Gregor Medved
0/0/0/340