Издавачка куќа Младинска книга од Скопје во соработка со „Култура“ на 17 декември (среда) во 18 часот организира дебата по повод продажба на 1000-от примерок на книгата „Тито без маска“ на словенечкиот автор Миро Симчич.
Настанот ќе се одржи во просториите на книжарницата „Ристиќева палата“, а дебатата ќе ја води познатиот професор и политиколог д-р Димитар Мирчев. Во текот на дебатата ќе бидат читани делови од книгата.
Ни престои убава вечер и убаво дружење, повелете.
Со почит,
тимот на „Младинска книга“- Скопје